Кетрин Зита-Џонс на „Инстаграм“ се збогува со Кирк: Драг мој Кирк, ќе те сакам до крајот на животот

Од:

Холивуд и филмската индустрија се простуваат од легендарниот Кирк Даглас, кој почина во 104. година од животот. Тажната вест ја објави неговото семејство.

Сопругата на синот на Кирк, Мајкл Даглас (75), актерката Кетрин Зита-Џонс (50), јавно се збогува со свекорот.

„Драг мој Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостигаш. Убаво спиј“, напиша Кетрин под фотографијата на Кирк.

Кетрин имаше добри односи со Кирк. Тие меѓусебно се почитуваа, заедно присуствуваа на јавни настани и честопати споделуваа фотографии на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска