Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас сè уште изгледаат и се однесуваат заљубено како што правеа на почетокот на врската, иако славеа 19 години брак во средината на ноември. На фотографиите тие секогаш се насмеани, се шегуваат и не кријат дека се среќни што се заедно.
Токму поради тоа некои помислија дека Кетрин намерно ја „отсекла“ ногата на Мајкл од фотографијата за да го задева. Поточно, актерката објави фотографија со своето семејство на Божиќ додека беа на одмор во Зимбабве, Африка.
Веселата група позираше, а потоа актерката си играше со фотошоп. Имено, Мајкл нема десна нога на фотографијата, а актерката изгледа толкиу многу сакала да ја објави што не забележала како изгледа нејзиниот сопруг.
– Маж ти остана без нога. Неверојатно е – се коментарите за фотографијата.
Сепак, не требаше многу време на Кетрин да ја отстрани фотографијата од социјалните медиуми и потоа да објави две нови – со двете нозе на Мајкл.
Грешка во фотошоп. Барем некои мислат така. На Мајкл му недостасуваше нога. Да, таа исчезна во Африка, но ја најдовме и му ја сошивме“, се пошегува Кетрин.