Кенеди излегувал со Хелен Томас

Од:

Неодамнешната смрт на репортерката од Белата куќа Хелен Томас на виделина ја изнесе веста дека контроверзната новинарка пред половина век излегувала со Џон Кенеди.

Една од внуките на Томас, Сузан Геха, ја објави веста за врската која се случила кога Кенеди се уште бил конгресмен од Масачусетс, пред да биде избран за претседател во 1960 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Иако Геха не кажала кога точно се случувало ова, се претпоставува дека е пред бракот на Џон со Џеклин Кенеди.

– Многу е зелен, рекла Томас по еден од состаноците со идниот претседател на САД. Томас почина во јули 2013 година, на 92 годишна возраст. Во време на својата кариера, таа стана позната како прва жена во Националниот новинарски клуб и претседател на Клубот на известувачи од Белата куќа.

Во рамките на нејзината 70 годишна кариера, Томас известуваше од Белата куќа во мандатите на 10 претседатели, од Ајзенхауер до Обама. Сепак, Томас, која е Либанка по потекло, мораше да поднесе оставка од известувачката функција поради навредлива изјава во 2010 година, во која ги повика Евреите од Израел да се преселат во Германија и во Полска.

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска