Кејти Холмс, не престанува да изненадува. По објавата дека се разведува од Том Круз, Кејти од немарлива девојка, се трансформираше во модна икона. Па така на модната недела во Њујорк, Кејти одлучи и да се испроба и како модна дизајнерка.
Мопдната ревија на која ја престави сопствената колеција за пролет – лето 2013-та, под името ‘Holmes & Yang’, а за која соработуваше со креаторката Џеси Јанг, изобилуваше со стилски парчиња еднакво впечатливи и за младите и тренди девојки, но и за еманципираните жени.
Во колекцијата се најдоа кратки панталони, шарени фустани и тренди здолништа, но и помалку рокерски парчиња изработени во кожа.