Кејт Мос ќе му го спасува животот на Џорџ Мајкл

Од:

Иако во 1996 година не се појави заедно со останатите супермодели во спотот за песната „Фридом“ на Џорџ Мајкл, сепак на Кејт Мос и се исполни животната желба.

Во најновиот спот за песната „Вајт лајт“ токму таа ќе ја има улогата да му го спаси животот.
Иако двете страни мудро молчат, сепак шпекулациите укажуваат дека мегапопуларните Кејт и Џорџ заедно ќе го снимаат најновитот спот што ќе заврши за еден месец.

Песната ќе се промовира на 12 август и со неа ќе започне враќањето на Џорџ Мајкл на музичката сцена по паузата од 2004 година, кога последен пат објави материјал.

Пеачот на „твитер“ веќе објави неколку детали „Видеото кое сите го очекуваме со нетрпение има многу сцени убави за око. Верувале или не, не зборувам за себе. Ќе се појави супермодел кој ќе ми го спаси животот“.

Кејт неодамна призна дека многу сакала да се појави заедно со Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста, Кирти Тарлингтон, Татјана Патиц и Синди Крафорд во ’96 -тата во „Фридом“, но не ја имала таа чест. Очигледно сега сама ќе тримфира враќајќи го назад во живот, но и на музичката сцена помалку подзаборавениот Џорџ Мајкл.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска