Кејли Куоко, љубителка на животни и самоизјаснет „родител на многу четвороножни деца“, посочува на неодговорни и насилни сопственици на миленичиња.
Sвездата на „Бубалици“ и „Стјуардеса“, чијашто продукциска куќа „Норман продакшн“ е именувана по нејзиниот сакан, неодамна починатиот питбул Норман – викендот го мина во интернет-борба против насилни и несовесни сопственици кои, меѓу другото, и ги отфрлаат своите кучиња.
„Ова можеби изгледа случајно, но ми се гади кога отворам социјални мрежи и кога ќе видам 100-ци или 1000-ци објави за спасување животни каде што луѓето ги напуштаат своите животни и ги оставаат како ѓубре“, напиша глумицата на Инстаграм.
„Престанете со злоупотреби! Не купувајте куче ако не можете правилно да се грижите за него. Начинот на кој се однесувате кон животните покажува точно каква личност сте“, продолжи таа.