Прво “распали“ секси Ким, а потоа Скот и Мејсон им ги стопија срцата на сите обожаватели на реалното шоу на една од најпознатите телевизиски семејства „Кардашијан“.
Најголемата ѕвезда на шоуто, 31 годишната Ким на плажа во Мајами се појави со својот најдобар пријател Џонатан Кебан, во прекрасно, ултрамодерно, бикини во неколку бои кое ги откри нејзините заносни облини.
До пладнето на плажа беа и Скот Дикенс и неговиот син Мејсон.
Додека новата мајка, една од сестрите Кардашијанс, Кортни, најверојатно останала дома да се грижи за нивната ќеркичка Пенелопе, Скот го забавуваше Мејсон.
На сликите 29 годишниот Скот, за разлика од секси Ким, беше прекриен со вообичаени плави “бердмуда шорцеви“.