Камерон Дијаз со свој бренд вина

Од:

Камерон Дијаз го претстави својот бренд за вино „Авалин“, заедно со нејзината пријателка и партнерка претприемач Кетрин Пауер. Американската глумица тоа го објави на Инстаграм.

„Ви го претставуваме @avaline! Сѐ почна пред две години, едно убаво попладне во Лос Анџелес во дворот со @katherinepower. Сфативме дека знаеме и внимаваме што сè содржи сѐ она што влегува во нашите тела – па, зошто да не и виното?“, гласи почетокот пораката на Дијаз.

Холивудската ѕвезда, која пред само пет месеци со сопругот Бенџи Меден ја добија ќеркичката Радикс, вели дека „Авалин“ колекцијата се чисти вина со природен квалитет.

„Отсекогаш верував дека клучот за добар живот е рамнотежата. Создавањето чисто вино кое има природно одлични квалитети без десетици несакани и скриени додатоци мене ми помага да ја најдам таа рамнотежа кога уживам во чаша вино. Ова е најчисто вино создадено за оние кои бараат задоволство од животот“, се вели натаму во објавата.

Според интернет-страницата на „Авалин“, палетата вина на Дијаз вклучува бело вино и розе, а едно шише чини 24 долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска