Кајли Џенер на Инстаграм објави опасно провокативна слика, а во коментарите, нејзините фанови пишуваат дека тоа е нејзината најжешка фотографија досега.
Славната милијардерка, најмладата досега, го направи овој едиторијал за американското издание „Плејбој“, а за 24 часа од нејзиното објавување, има над 7 милиони лајкови.
„Замислете да сте толку згодни“, „Премногу си секси“, „Моќно“, „Ова е најсексипилната слика досега“, „Ух, ти благодарам на голиот задник и за оваа поза“, се некои од коментарите под објавата.
На фотографијата, Кајли лежи гола на тревата, а на себе има потполно мокра и провидна ткаенина која не покрива апсолутно ништо освен што служи само како декорација.
Џенифер го снимаше едиторијалот со поранешното момче Тревис Скот, со кој ја има ќерката Сторми.
Младата богаташка за ова издание на Плејбој, истакна дека е многу горда на се што постигнала и дека го обожава списанието.