На сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест 2014“ се претставија 15 изведувачи од кои само девет продолжуваат во финалето. Меѓу нив на врвот на листата со најубедливо водство се најде штипјанецот Јоце Панов.
Откако освои 15 интернационални награди на најреномираните фестивали во регионот, пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза се врати на македонскиот фестивал „Макфест“ и настапи под реден број 01, а така и заврши со убедливи 898 гласови.
Песната со која Јоце настапи пред своите сограѓани во родениот Штип е насловена како „Само немој да молчиш“, а како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).