Како што пишуваат српските медиуми, српската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша не останала имуна на новиот тренд меѓу популарните во Србија – купување на фанови. Но, како и во се и овој пат Јелена не ги надминала своите колеги туку се надминала и себеси.
Иако вчера Карлеуша на својот твитер прогил имала само 35 илјади следбеници, односно фанови, симптоматично преку ноќ дури 20 илјади се идлучиле да ја „следат“ токму „блонд дивата“. Бројот на нејзините фанови утрово достигнал неверојатни 53 илјади.
Инаку познат по најголем број на твитер следбеници беше Владо Ѓеогиев кои има 54 илјади фанови. По се изгледа Карлеуша одлучила да го престигне познатиот кантавтор и да си обезбеди прво место на социјалните мрежи.