Познатата фолкерка Јелена Карлеуша по снимањето на своето ново видео за песната „Со“ дефинитивно сите ќе ги шокира, се разбира позитивно.
Овој пат таа нема да „пере“ мозок и други органи во блендер, туку повеќе ќе открива, отколку што ќе покрива од своето тело. Жешките сцени пред се, ќе ја освојат машката публика.
Спотот го режира Дејан Миличевиќ, а подводните сцени со голото тело на Јелена, дефинитвно не се за оние со слабо срце, според фотографиите. Промоцијата на спотот е закажана за средината на август.