Музејот Victoria & Albert во Лондон за наредната година најави отворање на изложба посветена на животот и делото на Дајвид Боуви, пренесува британски „Гардијан“.
Изложбата која преку камалеонската спосоност на пеачот и актерот, преку неговите екстравагантни костими, ќе го прикаже неговото растење од предградието на Лондон до статус на култна рок ѕвезда.
Боуви е неспоредлива ѕвезда, која стана синоним за футуристички костими и вонземјанска шминка, од вселенски самурајски костими и кимона од бел сатен, преку огнено црвена коса, до исцртани очи со црн туш.
65-годишниот пеач денеска живее повлечено, и упорно ги одбива сите покани за појавување во јавноста. Затоа и не учествуваше на спектакуларното отворање на ЛОИ во Лондон.