Супермоделот Ирина Шајк е фатена од папараци со своето ново момче на прошетка во Њујорк, поточно во Менхетн, пренесува „Дејли Меил“.
Поранешната сопруга на глумецот Бредли Купер е забележана заедно со холивудскиот заводник Вито Шнабел (33). Toj е познат по тоа што има обичај да излегува со манекенки и глумици кои се барем неколку години постари од него – Лив Тајлер, Хајди Клум, Ел Мекфирсон, Деми Мур… Исклучок, можеби, беше неговата врсничка Амбер Хард.
Неговата, наводна, нова девојка е една година повозрасна од него. Момчето се занимава со продажба на уметнички дела.