На списокот на десет градови во кои можете да пиете најевтино пиво Белград го зазема осмото место, пишува британскиот весник „Индепендент“.
Краков и Киев се градови во кои можете да го пиете најевтиното пиво, просечна цена на едно шише во кафулињата е 1,5 евра.
Истражувањето кое го спроведе GoEuro.com.uk покажа дека пивото е најскапо во Њујорк, Осло, Тел Авив и Хонгконг.
Полјаците пијат најмногу, неверојатни 127 литри по глава на жител годишно.
Погледнете го целиот список на градови каде по поволни цени можете да уживате во овој пијалок.
Краков, Полска – 1,51 евра
Киев, Украина – 1,51 евра
Братислава, Словачка – 1,54 евра
Малага, Шпанија – 1,56 евра
Хо Ши Мин, Виетнам – 1,62 евра
Мексико Сити, Мексико – 1,78 евра
Белград, Србија – 1,79 евра
Асунсион, Парагвај – 1,80 евра
Бангкок, Тајланд – 1,92 евра.