Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Од:

Уште една необична цел. По Мајкл Бернд, готвач кој реши да води љубов со 100 жени во 100 различни земји, на истото се реши и 27-годишната Старли Сантос. Таа има за цел да се сретне со по еден маж во секоја земја во светот, и вели дека ќе бидат најмалку 100 – па дури и ако еден „навистина ѝ се допадне“.

Во текот на изминатите три месеци, Старли помина некое време со мажи во 12 земји: Чиле, Аргентина, Бразил, Уругвај, Колумбија, Венецуела, Индија, Тајланд, Индонезија, Филипини, Сингапур и Америка. Таа признава дека од сите мажи, таа била единствено разочарана од мажот од Индонезија. Старли отсекогаш сакала да оди на состаноци со мажи кога е на одмор, но кога една пријателка и кажала дека нејзиниот живот е „поинтересен од било се што има на Нетфликс“, таа решила да си постави цел.

Таа одлучи да се ограничи на еден состанок во секоја земја и да помине само четири или пет дена на секое место.

“Бев љубопитна каде на светот можам да се заљубам. Не само во личност, туку и во местото. Сакав да направам нешто уникатно додека сум млада. Не сакам да го правам ова во следните десет години. На крајот сакам да најдам некого и ќе се мажам“, објасни Старли.

Иако често е осамена на патувањата, нејзината желба да истражува и запознава нови луѓе го надминува нејзиното чувство на изолација. Старли поставила апликации за заинтересирани мажи кои сакаат да се сретнат со неа, но правилото е дека посилниот пол ги плаќа сите трошоци. Секој додворувач мора да се согласи со снимањето и фотографирањето на Старли за објави на социјалните мрежи. Ако на мажот тоа не му е удобно, таа нема да излегува со него.

“Размислувањето е дека дури и ако сретнам некој што навистина ми се допаѓа, сакам да продолжам да патувам. Ќе ми се допадне тој што ќе остане во контакт со мене најмалку една година. На тој начин би ми кажал дека навистина му се допаѓам, ако сакаат нешто сериозно со мене, можат да дојдат во друга земја да ме видат“, изјавиа Старли на која најмногу впечаток и оставиле мажите од Венецуела.

Старли не наишла на ситуација да се чувствува небезбедно се додека не стигнала во Индонезија.

„Беше премногу морничав и чувствителен“, рече таа. За неколку часа, еден Индонезиец и понудил брак и побарал да се истушира ​​во нејзината хотелска соба. Старли била изненадена, чувствувајќи се многу непријатно.

„Потоа следниот ден, по нашата средба, тој постојано ми се јавуваше. Не одговорив и тој испрати говорна пошта, пцуејќи ме што не му одговорив. Претерано реагираше. Не се грижам за мојата безбедност можеби колку што треба, но сите мои локации секогаш ги споделувам со моето семејство“, истакна таа.

Би можело да ве интересира

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска

Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна

Ана Ололовска