Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна

Од:

Луѓето кои патувале во Рим знаат дека алкохолот е забранет во познатите туристички знаменитости. Но, американски посетители го научиле тоа на потежок начин…

Двајца Американци неделава ги платија своите најскапи пијалаци во Рим, откако беа казнети затоа што пиеле пиво во Колосеумот. Прекршокот се случил на историското бојно поле за гладијатори.

За тоа полицијата ги казнила со 800 евра.

Иако туризмот претрпе тежок удар поради пандемијата, сепак Колосеумот е едно од најпосетуваните туристички места. Тој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и е познат по борбите со гладијатор и и другите спектакли, со десетици илјади гледачи.

Во 2019 година, Колосеумот го посетиле околу 7,6 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска

Хрватскиот остров што личи на џиновски отпечаток од прст, привлекува посетители од целиот свет

Ана Ололовска

Големиот Kорален Гребен изложен на зачестени топлотни удари

Ана Ололовска

Листа од најубавите туристички гратчиња во Европа

Ана Ололовска