Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Од:

Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk.

Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија – 3,13, во Казахстан – 3,23, а во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети.

Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино – 18,23 евра, потоа Данска – 14,79, Саудиска Арабија – 14,14, Јапонија – 14,07 и Финска со 14 евра за билет.

Порталот, инаку, го рангираше Лондон меѓу трите најдобри градови во светот за љубителите на филмот, со оценка 9,75 од 10, бидејќи има најмногу кина, а „премиерите на најголемите наслови често се одржуваат на плоштадот Лестер“.

Во текстот на уредникот Џејмс Ендрјус, се забележува дека и третопласираниот Лос Анџелес (оценка 9,49) е секако еден од највлијателните градови каде што се снимаат филмови, но второпласираниот Њујорк (9,55) е домаќин на најголемиот број филмски фестивали – повеќе од 1.000, вклучувајќи ги и Трибека, Фестивалот за документарци и Азиско-американскиот меѓународен филмски фестивал.

Би можело да ве интересира

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска

Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна

Ана Ололовска

Хрватскиот остров што личи на џиновски отпечаток од прст, привлекува посетители од целиот свет

Ана Ололовска

Големиот Kорален Гребен изложен на зачестени топлотни удари

Ана Ололовска

Листа од најубавите туристички гратчиња во Европа

Ана Ололовска