Има ли Том Круз нова љубов?

Од:

Се уште не завршиле вестите за разводот на Том Круз и Кејти Холмс, а веќе почна нашироко да се зборува за постоењето на „хемија“ помеѓу најплатениот глумец и неговата колешка, Олга Куриленко, главната женска улога со која тој веќе подолго време го снима новиот филм „Oblivion“.

Украинскиот модел и ѕвезда на „Зрно утеха“ заедно со Круз напорно работеле на снимањето на филм во изминатите неколку месеци. Неименувани извори кажуваат дека помеѓу Круз и Куриленко, која во филмот глуми негова љубовница, постои „голема доза на хемија”.

Тие биле забележани минатиот месец на снимањето во Њујорк, како се смешкаат еден на друг, држејќи се за раце.

Но, агентот на Круз негираше било што од ова велејќи: „Тие се актери и заедно снимаат филм, постоењето на хемијата помеѓу нив е дел од нивната работа“.

Кириленко во моментот е во врска со Дени Хјустон, кој е редовен посетител на снимањето на филмот. Тој насекаде ја следи од Ново Мексико, Исланд, Батон Руж, Лос Анџелес и во моментот во Калифорнија.

Нејзиниот агент целосно ги негираше тврдењата за постоење на било каква врска со Круз.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска