И таа знае да згреши – модно промашување на принцезата Кејт

Од:

Војвотката од Кембриџ, принцезата Кејт постојано потенцира како самата се облекува, и дека без вработен стилитс во палатата таа успеава секогаш да изгледа тип-топ. Но, дека не е доволно само нејзиниот “свекор“ принцот Чарлс да плати, а таа да одбере што ќе носи, и дека понекогаш навистина е потребен совет и од професионалец, покажа последното појавување на Кејт и Вилијам на Соломонските острови во Пацификот.

Војвотката од Кембриџ на себе носеше фустан со шари кои според неа би требало да ја преставуваат националната облека на островите. Но за да биде модното промашување уште поголемо, од розевиот нападен фустан кој според модните критичари воопшто не и прилегал на нежната принцеза, дезенот воопшто не припаѓал на културата на соломонските острови, туку на осторвите Кук, кои се 3 илјади миљи подалеку.

 

Кејт и Вилијам, двајцата со намера да бидат облечени како доморотците од островот, направиле “гаф“ кои жителите им го земале за зло.

Од секторот за односи со јавност на кралската двојка, се правдаат дека сепак грешката била во одборот за пречек на островите, кои им ветиле рачно изработени фустан и кошула. Во апартманот на принцот Вилијам и неговата сопруга биле оставени оние кои ги носеле на себе како подарок од островската Влада.

 

Би можело да ве интересира

Актерката се извини за непримерната шега за Кејт Мидлтон: „Треба да се срамиш“

ВИДЕО: Кејт Мидлтон има рак, емотивно обраќање на принцезата од Велс

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно има незадоволни и по снимката: Не е Кејт, направена е со вештачка интелегенција

Катерина Ѓуровски

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Принцезата Кејт Мидлтон првпат се појави во јавноста по двомесечно отсуство

Горан Наумовски

Кејт Мидлтон не е видена од Божиќ