По примерот на раперот Тупак Шакур, чиј холограм ги забавуваше посетителите на фестивал во Калифорнија, и Елвис Присли „ќе се врати од мртвите“ во виртуелна форма, благодарејќи на американска компанија за специјални ефекти.
„Digital Domain Media Group-DDMG“ која го направи холограмот на Тупак, ќе биде задолжена за „повторното раѓање“ на кралот на рокенролот, пренесуваат светските агенции.
„DDMG“ ќе направи серија виртуелни слики на Елвис Присли за разни проекти.