Она што фотографот на Daili Mail мислеше дека ќе бидат само фотографии на Кејти Холмс и нејзината и ќеркичка на Том Крус, малата Сури, како се шетаат доцна навечер по улиците на ЊуЈорк, прерасна во фото сторија од малото девојче расплакано и луто .
Се започна со вечера со пица и потоа слтако честење -сладолед во рацете на Сури. Но кога мама Кејт, најверојатно поради непослушност и го одзема сладоледот на малата Сури, фотографите не пропуштија да направат десетици слики како веќе очигледно уморното девојче, прсна во лутина и почна да се дави во солзи.
„Душебрижниците“ веднаш се јавија со коментари, најверојатно детето беше преуморно, секоја совесна мајка своето дете наместо по улиците на Њујорк, во 10 часот навечер ќе го имаше легнато дома в кревет.
И додека мајката и ќерката ги имаа своите моменти на „поврзување“, тато Том Круз беше на снимање на неговиот последен проект – акционито филм Oblivion.
Кејти се врати во “големото јаболко“ откако минатата недела беше во Кина, како промотор на Ice event.
Веднаш по враќањето Кејти сакаше да и се посвети на својата ќерка, но вечерта не заврши нај сјајно. Едно од најпознатите деца на Холивуд, станува можеби поголема ѕвезда од своите родители. Можеби сеуште не заработува колку нив, но секако е поинтересна мета за неуморните папараци.