Храна која треба да ја избегнувате на патувањата

Од:

За повеќето туристи, најдобар дел од патувањето е испробувањето на различна и егзотична храна. Сепак треба да бидеме внимателни, особено ако патуваме во земји, кои не се познати по завидното ниво на хигиена. Без разлика колкав гурман сте, треба да внимавате што ставате во уста кога патувате во светот.

Следат неколку најважни совети, кои можат да ви помогнат да патувате паметно:

1. Вода од чешма

Заразената вода е една од најчестите причини за болестите ширум светот. Бактериите, кои ја предизвикуваат дијареата, ротавирусите, колерата и други болести доаѓаат токму преку храната и водата загадена со човечки или животински измет.

Информирајте се однапред за дестинацијата на која патувате, проверете каква е водата од чешма. Доколку и малку се сомневате во нејзината чистина, пијте исклучиво флаширана вода и сокови и а избегнувајте миење на забите со вода од чешма.

2. Мраз

Слично како и со водата од чешма, некои бактерии можат да преживеат и во форма на мраз. Во земјите со сомнителен квалитет на водата мразот конзумирајте го само ако е направен од флаширана или провриена вода. Доколку не можете да проверите од каква вода е мразот, подобро да не го конзумирате.

3. Храна за која постои можност дека паднала на под 

Доколку сте љубител на брза храна, би требало да водите сметка при одбирањето на локалот во кој ќе јадете. Храната која ќе падне на под може да биде контаминирана на безброј начини. Сетете се само на чевлите кои носат траги на се што ќе допрете, вклучувајќи го и изметот. Кога ќе видите дека персоналот е премногу лежерен и се сомневате во неговата хигиена, заобиколете го тој локал.

4. Храната и миењето раце

Миењето раце е еден од најсигурните начини за спречување на ширењето на болестите, но во многу земји процесот на миење раце пред допирањето на храната не е пракса. Иако се повеќе земји ја шират свеста за оваа навика, треба да помине уште многу време таа целосно да се усвои. Побарајте ресторан во кој готвачите и конобарите имаат чисти раце. Доколку за нивната хигиена не можете да заклучите само на прв поглед, пронајдете ги останатите знаци кои можат да ви укажат на тоа – од сапунот во тоалетите, чистата облека, па се до нивното однесување. Доколку некој го брише носот, а потоа не ги мие рацете, знаете што треба да направите.

5. Состојбата на храната на сонце

Контролирањето на температурата е клучен фактор за безбедноста на храната, која ја конзумирате. Вообичаено готвената храна (доколку не е наменета за чување во фрижидер) има рок на траење два часа за безбедна конзумација и таа вредност опаѓа доколку температурата на просторот во кој се наоѓа е превисока. Тоа особено се однесува на храната, која стои на сонце, особено на различни тезги. Избегнувајте храна, која стои на сонце, бидејќи таа е легло за бактерии.

6. Сурова храна

Овошјето и зеленчукот се здрави продукти за конзумација, но не и во земјите, каде водата од чешмите е контаминирана. Во тој случај е подобро да ги избегнувате. На местата каде водата не е безбедна држете се до правилото „излупете и згответе“.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов