Познатиот британски актер Хју Грант денеска на Твитер соопшти дека по втор пат станал татко, пренесоа американските медиуми.
На социјалната мрежа ѕвездата од филмот „Четири свадби и еден погреб“ напиша дека е бескрајно среќен што неговата ќерка веќе има братче и дека тој и двете ги обожува.
Веста беше потврдена и од прес-агентката на Грант, Кери Гордон.
Првото дете на 52-годишниот Грант и кинескиот модел и актерка Тинлан Хун се роди во 2011 година.