Хју Грант го тужи неделникот „Њуз оф д ворлд“ за прислушување на мобилниот телефон

Од:

Британскиот актер Хју Грант познат по филмовите „Четири венчавки и погреб“ и „Нотинг Хил“, одлучи да го тужи сега згаснатиот весник „Њуз оф д Ворлд“, за прислушување на говорната пошта на неговиот мобилен телефон и за повреда на приватноста, јави дописникот на МИА од Лондон.

Грант (52) се одлучи за тужба на самиот крај од рокот за поднесување тужби против ова издание на компанијата на Мардок „Њуз интернешенел“. Овој британски актер дојде во судир со таблоидите откако беше откриено дека при посетата на Лос Анџелес, пред неколку години користел „услуги“ на една проститутка по што беше и уапсен, при една рутинска полициска рација.

Во кусата изјава Грант вели дека парите што евентуално ќе ги добие од тужбата против „Њуз оф д  ворлд“, ќе ги насочи за специјалниот фонд за помош и поддршка на „жртвите од прислушувањето“.

Хју Грант кој ја искористи оваа афера, за да се промовира себе си и во домашната политика, стана директор на една компанија која работи на поддршката на прислушуваните во нивната битка со весниците.

Досега само педесетина луѓе од светот на познатите во Велика Британија добија отштета од компанијата „Њуз интеренешенел“. Само на семејството на ученичката Мили Даулер, чиј телефон бил ловен, откако таа исчезна по бегството од дома, до моментот кога беше најдена убиена од еден педофил,му беа исплатени два милиони фунти без тие воопшто да поднесат тужба, како и усте еден милион фунти за хуманитарен фонд што семејството на Даулер ќе го определи.

Лондонски „Гардијан“ кој продолжува да војува со новинската империја на Мардок, сугерираше изминатите денови до „жртвите на прислушувањето“, да го запазат рокот за тужба и барање отштета. Овој весник тврди дека „најмалку уште 40 луѓе“ ќе поднесат тужби против „Њуз оф д ворлд” и неговиот издавач „Њуз интернешенел“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска