Хју Џекман дели љубовни совети

Од:

Популарниот актер Хју Џекман (44) и неговата сопруга Дебора Ли Фернес (57) во брак се 17 години. Џекман во списанието „Good Housekeeping“, открива која е тајната на толку долг и среќен брак, на кој му завидува цел Холивуд.

– Пред да почнам да ви откривам ситни детали, многу е битно со вашиот партнер да бидете пријатели, како што сме Дебора и јас. Кога се запознавме, само се смеевме, рече Хју.

Тој појасни дека за добар брак е потребно многу труд, но дека негово правило за романса е изненадувањето. Поради тоа, Хју секојдневието го зачинува со по некое изненадување.

– Ќе дојдам ненајавен од снимање. Се преправам дека сум на сет и велам ќе дојдам доцна навечер. И тогаш ја шокирам. Ќе дојдам среде пладне, додека децата се во училиште, и ќе и резервирам место во нејзиниот омилен ресторан.

Тој исто така има уште едно правило на кое се придржува – никогаш повеќе од две недели да не биде раздвоен од семејството.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска