Познатиот топ – модел Хајди Клум конечно прозборе за својот развод со поранешниот сопруг Сил, негирајќи ги неговите тврдења дека го изневерила со телохранителот.
Во телевизиското интервју кое наскоро ќе се емитува во САД, Хајди вели дека таа никогаш не го изневерила Сил за време на нивниот брак.
„Додека бев во брак со Сил, никогаш не погледнав друг маж. Сите седум години дека бевме заедно бев целосно верна и посветена сопруга“, изјави Хајди за шоуто на Кејти Курик.
Ова е првпат таа да зборува за својот развод.
„Одлуката да се разведеме ја донесовме заедно, тој и јас. Причините се некои работи кои само ние ги знаеме, а разводот беше најдобро решение за двајцата. Јас ги паметам само убавите моменти поминати заедно и мислам дека сосема е непотребно понатаму да се шпекулира на таа тема “, заклучи Хајди.