Хачер: Се надевам на филмска верзија на „Очајни домаќинки“

Од:

Актерката Тери Хачер изјави за печатените медиуми дека со „сите сили“ навива за филмска верзија на популарната серија за жените од улицата „Вистериа лејн“.

– Мислам дека фановите сакаат филм и дека би требало да им го дадеме. После завршувањето на серијата, продуцентите беа затрупани со писма во кои публиката бара уште, рече Хачер напоменувајќи дека фановите ја обожуваат серијата „Очајни домаќинки“, а ние ги обожуваме нив затоа што ни се верни со години и би требало да им дадеме уште една приказна.

Таа додаде дека знае дека многумина од екипата на серијата не се за филм, но дека таа „веднаш би го прочитала сценариото“ кога некој би го понудил.

Серијата „Очајни домаќинки“ емитувана е од 2004 до 2012 година, а освен Хачер во неа глумеа Ева Лонгорија, Фелисити Хафман, Марсиа Крос и други.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска