Американската актерка Гвинет Палтрoу изјави дека никогаш нема да се врати на актерството, бидејќи тврди дека „прегорела“ поради честите снимки и преголемите обврски.
Ѕвездата на „Заљубениот Шекспир“ и „Седум“ вели дека на почетокот на кариерата снимала од три до пет филмови годишно и дека сето тоа ја довело до ситуација да и биде мачно и да дојде на сет.
– Додека глумев активно, во еден момент навистина „прегорев“. Кога започна мојата кариера, правев три до пет филмови годишно. За тоа време, дојдов до тој степен што ми беше тешко да правам дури и најмали работи како што е шминкањето, да ја поправам фризурата, па дури и да дојдам на снимање. Не знаев како ќе се справам со тоа“, рече актерката.
Актерката, исто така, раскажа која е капката што ја прелеала чашата и ја натерала да донесе одлука да ги напушти филмовите.
– Последниот филм во кој глумев беше „Доказ“. Тогаш бев бремена со ќерка ми и во еден момент сфатив дека е тоа. Имав тешки утрински мачнини и пет страници монолози дневно. Кога ја добив ќерката, знаев дека ќе направам голем пауза. И јас никогаш, подоцна, не прифатив главна улога во кој било филм, откри Гвинет во интервју за „Harper’s Bazaar“.
Инаку, Гвинет беше една од актерките која се најде во центарот на скандалот со филмскиот продуцент Харви Вајнстајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување на жени, вклучително и многу познати личности.
Актерката ја добила улогата во филмот „Заљубениот Шекспир“, благодарение на Вајнстајн, по кој многумина ја препознаваат денес.
– Тој беше насилник. Но, јас никогаш немав проблем да му се спротивставам, призна Гвинет.