Гордон Ремзи „во дупка“ од 66 милиони евра поради пандемијата и рестриктивните мерки

Од:

Светски познатата шкотска готвачка ѕвезда Гордон Ремзи изјави дека поради состојбите со пандемијата, во изминатата година е во загуба од 57 милиони фунти (околу 66 милиони евра).

Ремзи, кој поседува 35 ресторани и планира да отвори уште пет во оваа година, признал дека е „опустошен“ поради финансиските последици од пандемијата на коронавирусот, а само во јануари загубил 11.5 милиони евра поради новите мерки со кои беше забранета работата на угостителските објекти во Велика Британија.

Славниот готвач откри дека морал да откаже 22.000 резервации за неговите ресторани во септември, затоа што Англија тогаш беше ставена под строги
антиепидемиски мерки.

„Во декември имавме загуба од 11.5 милиони евра за резервации кои ги снема преку ноќ. Од 19 март лани до 3 февруари годинава, загубивме 66 милиони евра,“ изјави Ремзи за таблоидот „Сан“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска