Глумицата Шејлин Вудли е во врска со рагбистот Арон Роџерс

Од:

Американската глумица Шејлин Вудли, можеби најпозната по љубовната драма „Ѕвездите се виновни“ и „Различна“, е во врска со рагбистот Арон Роџерс.

„Тоа е прилично ново. Којзнае колку сериозно може да стане!“, вели неименуван извор за „Ентертејнмент њуз“.

Роџерс (38) претходно беше во врска со автомобилистката Даника Патрик. Се разделија изминатово лето по две години врска. Пред тоа, тој три години се гледаше и со глумицата Оливија Мун.

Вудли пак, беше поврзувана со рагбистот Бен Волавола, во 2018 година. Меѓутоа, во април 2020 година таа изјавуваше дека „сака да биде сингл некое време“.

Следни филмови каде што таа ќе глуми, се драмите „Мавританец“ и „Последното писмо од твојот љубен“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска