Осум години по првата книга, приказната продолжува, а поранешната секретарка Андреа Сакс сега е уредничка на списание за венчавки, а нејзиниот живот повторно се вкрстува со Миранда Присли.
Книгата ќе ја објави Харпер Колинс во април следната година.
Директорката на оваа издавачка куќа изјави дека е возбудена што читателите ќе можат повторно да ѕирнат во светот на модните списанија.
http://www.youtube.com/watch?v=hbthtLM5VS4&feature=player_embedded
Книгата „Ѓаволот носи Прада“ се задржа на листата на најпродавани книги според Њујорк Тајмс, повеќе од една година.
По книгата е снимен и истоимениот филм, во кој главните улоги им беа доделени на Ен Хатавеј и Мерил Стрип, која беше и номинирана за Оскар, за таа улога, а филмот заработи повеќе од 300 милиони долари.