Веста за хуманиот гест на актерот Гери Синис го обиколи светот.
Актерот Гери Синис организираше хуманитарна акција, испраќајќи повеќе од 1.000 деца во светот на Волт Дизни во Орландо, Флорида.
Фондацијата на актерот им подари на децата и на нивните придружници петдневно патување во светот од имагинацијата на Дизни, пренесува „Фокс Њуз“.
„Празниците често се тешко време за семејтвата кои изгубиле некого. Секој декември, ние организираме патувања за деца од воените семејства кои изгубиле еден родител“, соопшти Синис.
Вкупно 1.750 патници, деца со преживеани родители, уживаа во Орландо пет дена.
Актерот е најпознат по улогата како поручник Ден во „Форест Гамп“, како и по улогите во „Аполо 13“, „Труман“ и серијалот „CSI: New York“, „Criminal Mind: Beyond Border“.