Лејди Гага стана дел од историјата со својот познат фустан направен од живо месо кој наскоро ќе биде дел од колекција во музеј.
Тој фустан Лејди Гага го носеше на доделувањето на видео наградите „MTV“ во 2010 година.
Сега исушен и префарбан за да ја задржи бојата на месото ќе биде дел од Националниот музеј на жените во Вашингтон со објаснување дека тој во себе содржи и политичка порака. Додека пејачката го носеше фустанот, беше придружувана од американски воници.
Пораката од нејзиниот избор на гардероба значеше доколку луѓето немаат право да ги изразат слободно своите чувства, тогаш се исти како обично парче месо, а се однесуваше на забраната да се примат хомосексуалци во војска.
Фустанот како дел од изложбата која се отвора утре, ќе се најде во изборот заедно со други предмети од жени – пионери во музиката.