Фронтменот на легендарната хеви метал бенд „Iron Maiden“, Брус Дикинсон, поради својата 15 години помлада обожавателка би можел да остане без голем дол од своето богатство.
Имено музичарот по скоро 30 години брак ја напуштил својата сопруга Педи Боуден, со која има три деца и се вселил во станот на својата голема обожавателка и фитнес инструкторка Леана Долчи, во Париз, која е помлада од него 15 години.
Бракоразводната парница уште не е покрената, а кога ќе се поднесат барањата за развод на бракот, Брус би можел да остане без голем дел од своето богатство кое се проценува на 90 милиони британски фунти.
Дека има нова партнерка потврди и во последното интервју кога кажа дека живеат заедно во Париз.
– Леана отсекогаш била голем фан на „Iron Maidena“ и ги следеше секаде во последните десет години. Таа и Брус се зближија многу, дури ги има запознаено и неговите деца. Педи отпатува во Јужна Америка за да побегне од се, раскажува извор за Daily Mail.