Плажите во Мајами изминативе денови беа преполни со познати убавици, а меѓу нив беше и вереницата на Кристијано Роналдо, Ирина Шајк.
Преубавата маникенка се појави на плажа во портокалови бикини што ги истакнуваат сите нејзини „атрибути“, и додека нејзиниот славен вереник вредно работи, таа времето го минува во машко друштво.
Американските таблоди пишуваат дека станува збор за нејзиниот агент и пријател Али Кавуши и дека еден од најпознатите светски фудбалери нема причина за загриженост.