ФОТО: Се ожени Хју Хефнер

Од:

Како што најавија, сопственикот на списанието Playboy, 86-годишниот Хју Хефнер и 26-годишната Кристал Харис се венчаа во Плејбој вилата на 31. декември.

Тие венчавката ја потврдија на свите профили на Твитер каде што поставија слики.

Кристал веќе еднашка му „избега“ на Хју Хефнер. Русокосата „зајачица“ во јуни 2011-та ја откажа венчавката и го напушти сопственикот на списанието Playboy пет дена пред големиот ден.

Неколку месеци подоцна таа му се врати на 60 години постариот вереник и изјави дека е посреќна од било кога и дека имаат намера наскоро да застанат на „лудиот камен“.

Хју Хефнер веќе два пати бил во брак, со Милдред Вилијамс од 1949 до 1959 година, и со Кимберли Конрад од 1989 до 2010 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска