Со тело и облини за кои би и подзавидела секоја жена, славната Ким Кардашиан одлучи сама да си ја зголеми својата популарност на Твитер.
Без да користи било каков „фотошоп“ или талент на некој славен фотограф, таа сама со својот мобилен си го сликаше своето тело и фотографиите ги постави на „твитер“.
Пред само некое време Ким во едно свое интервју откри дека за да изгледа така воопшто не држи диети. Јаде се што ќе посака, само притоа внимава, подоцна да ја потроши секоја калорија што ја внела во организмот.
Вистина или не, сепак изгледа како ништо да не и фали.