Фејсбук ја цензурираше познатата слика на Делакроа поради голотија

Од:

Фејсбук изрази жалење откако неговиот автоматски систем за отстранување на голотија од социјалната мрежа ја цензурираше сликата Слободата го води народот на францускиот автор Ежен Делакроа. Сликата, посветена на револуцијата од 1830 година, е препознатлива по претставувањето на слободата како девојката Мариен, симболот на Франција, со разголени гради како го вее француското знаме.

Жоселин Фиорина, режисер од Франција, сакал да ја искористи сликата како дел од промотивната кампања на социјалните мрежи за неговата најнова претстава, но набргу по објавувањето на рекламниот материјал добил информација дека постот е забранет поради голотија.

– Ние проверуваме милиони фотографии секоја недела, и понекогаш правиме грешки, изјави Елоди Ларкис, претставник на Фејсбук во Франција, кој се извини за грешката.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга