Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Од:

Facebook објави дека ќе ја затвори секцијата за вести во Велика Британија, Франција и во Германија на почетокот на декември и ќе се фокусира на кратки видео содржини. Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на Facebook за насочување на ресурсите во области од поголем интерес за корисниците, тврдат од компанијата.

Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување на интереси, а не за вести и политички содржини, нагласуваат тие. Според Facebook, содржината на вести има помалку од три проценти од прегледите на платформата на глобално ниво.

Промената нема да влијае на другите производи и услуги на Мета во Британија, Франција и Германија и корисниците сè уште ќе можат да пристапуваат до написите од вести преку споделени врски. Европските издавачи ќе го задржат пристапот до нивните сметки и страници на Facebook, што им овозможува да објавуваат линкови до содржината и да ги насочуваат корисниците кон веб-страниците.

Тие исто така можат да користат производи како Reels и системот за рекламирање за да допрат до поширока публика и да го задржат целиот приход од надворешни врски. Фејсбук ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира да склучува нови за објавување на вести на Facebook News.

Посочуваат и дека не подготвуваат нови производи специјално приспособени за издавачите на вести, истакнувајќи дека ќе истраат во поврзувањето на корисниците со веродостојни информации.

Компанијата соработува со независни проверувачи на факти, сертифицирани од Меѓународната мрежа за проверка на факти, во анализата и евалуацијата на потенцијалните вирусни дезинформации во нејзините апликации, велат тие.

Би можело да ве интересира

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга

Си пуши и си ужива – запомнете го овој ден порача Груби

А1он

Четвртина од светската популација користела Фејсбук секој ден во декември

Горан Наумовски