Ева Мендес прекина интервју за магазинот „The Edit“

Од:

Холивудската актерка Ева Мендес го прекинала интервјутот за магазинот „The Edit“, јасно ставајќи му до знаење на новинарот дека не сака да зборува за приватниот живот.

Филмска убавица веќе подлго време е во врска со седум години помладиот колега Рајан Гослинг. Бидејќи двајцата се меѓу најпривлечните холивудски личности нивната врска за фановите и медиумите е посебно занимлива. Меѓутоа, ниту Ева ниту Рајан не сакаат да зборуваат за тоа.

Во интервјуто за магазинот Ева зборувала за  својата модна колекција, која е инспирирана од нејзината облека од орманот и е наменета за сите жени. Глумицата е позната како голем љубител на животните, па гордно зборувала за своите кучиња (од кои едно е на Рајан). Зборувале и за новиот филм во кој глуми – „How to Catch a Monster“, а кој го режираше нејзиниот љубовен партнер Гослинг.

Новинарот се обидел да ја испровоцира актерката да каже нешто за својата врска, барајќи да каже дека е точно дека планира да се примири, со оглед на фактот дека следниот март полни 40 години.

Актерката на тоа изјавила: „Многу ми е жал, ама го прекинувам интервјуто. Јас сум чудак. Буквално ја изгубив моќта за говорење, а така добро Ви одеше“. А, потоа и додала: „Си создадов свој посебен свет, што го штитам. Исто така, имам и куче кое сака да напаѓа луѓе“, се пошегувала Мендес и повторно избегнала да даде одговор на прашањето дали планира да се омажи за убавиот актер.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска