Во последно време актерката Ева Лонгорија често е фотографирана во спортски комбинации со оглед на тоа дека вредно работеше на својата форма откако се породи.
Таа е „фатена“ на улиците на Лос Анџелес во лежерна комбинација која најверојатно ќе биде актуелна во топлите лени месеци.
Долгите макси фустани се безвременски и им прилегаат на сите жени, удобни се и никогаш не излегуваат од мода.
Можат да се носат и со сандали, со папучи, но и со патики, а секоја комбинација ја прават елегантна.