Ештон Кучер и Мила Кунис веруваат во напорна работа и затоа немаат намера да им го остават цело наследство на децата.
Двојката е заедно од 2012 година, и се во брак од 2015. Тие го чуваат својот живот далеку од очите на јавноста, па и ретко ги покажуваат синовите пред фотоапаратите.
За порталот „Армчер експерт“, Ештон појасни зошто неговите синови нема да наследат ништо.
– Моите деца живеат привилегиран живот, без да го знаат тоа. И никогаш нема да го сфатат, освен ако не им оставам ништо. Ќе ги оставиме сите пари на добротворни организации, истакна актерот.
Тој сепак, додаде дека ќе инвестира во проекти за иднината на своите деца.