Еминем: Два часа ме делеа од смртта

Од:

Во документарниот филм „How To Make Money Selling Drugs“ на режисерот Метју Кук раперот Еминем зборува за својата борба со зависноста од лекови и дроги и како за малкуќе починел од преголема доза таблети.

Еминем тврди дека за малкуќе починел по долгогодишното земање на лекови како „Викодин“, „Занакс“ и „Валијум“. Тој наведува дека кога престанал да зема хероин и кокаин и почнал да зема таблети на рецепт и мислел оти има контрола над ситуацијата.

– Не знам во кој момент почна да биде проблем, се сеќавам само дека се повеќе и повеќе ми се допаѓаше, истакнува 40-годишниот Еминем.

Поради предозираност со таблети стигнал во болница.

– Да стигнев два часа подоцна ќе умрев. Органите веќе не ја вршеа функцијата, сакаа да ме стават на дијализа, не мислеа дека ќе преживеам, вели раперот, додавајќи дека потоа три недели не спеле оти мислел дека ќе почине.

Тој тврди дека сега не зема ниту дрога ниту таблети.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска