Елтон Џон: Носев пелени на концерт, мокрев во гаќи

Од:

Британскиот музичар Елтон Џон неодамна го одложи концертот во Орландо поради инфекција на увото. Сосема е нормално што пејачот така постапил, но некогаш трпел и многу полоши околности.

Тој признал дека во 2017 година на концерт во Лас Вегас морал да носи пелени.

– Ех да знаеа луѓето во публиката тогаш дека ќе мокрам во гаќи, се пошегува Елтон Џон.

Познатиот музичар неодамна објави биографија која предизвика големо внимание. Освен што раскажува за своето бурно минато, откри и многу детали од животот на неговите познати колешки.

Тој ја обвини Мадона дека била нељубезна и злобна кон Лејди Гага. Тој се осврна на интервју од 2012 година кога Мадона ја оцрни песната на Лејди Гага „Born this way“ поради тоа што звучи слично како нејзиниот хит „Express Yourself“ од 1989.

Помеѓу другото, Елтон раскажува и за починатиот Мајкл Џексон, за кој вели дека бил сериозно ментално болен.

Елтон зборувал и за својата зависност која од него направила како вели насилно чудовиште. Во текот на седумдесетите и осумдесетите консумирал опојни дроги кои го направиле неодговорен и опседнат со себе. Прв пат пробал кокаин во 1974 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска