Елтон Џон се опоравува од хирушката интервенција

Од:

Британската поп ѕвезда Елтон Џон (66) се опоравува по хирушката интервенција, при која му е отстрането слепото црево, соопшти во Лондон неговиот претствник за медиумите.

Минатиот месец беше соопштено дека пејачот имал сериозни проблеми со слепото црево кое било толку воспалено што можело секој момент да прсне и да му го загрози животот.

– Среќен сум што сум воопшто жив, изјави за лондонски „Сан“ Елтон Џон. Хирушката интервенција е извршена во Монако, во болницата „Принцезата Грејс“.

Британската ѕвезда сега се наоѓа на домашно лекување во својата вила, во близината на Ница, во Франција.

Поради болеста, тој ја откажа веќе започнатата европска турнеја, како и големиот концерт во лондонскиот Хајд Парк. На својот веб сајт, Елтон Џон напиша дека првите десет концерти од турнејата, прва по повеќе години, ги поминал во „вистинска агонија од силните болки во стомакот“.

Тој верувал дека болките ќе поминат, но кога на последниот концерт за малку ќе се паднел на сцената од силните стомачни болки, побарал лекарска помош, по што веднаш е префрлен во болница, на лекување со силни антибиотици.

Елтон Џон верува дека на сцената одново ќе се врати во текот на септември, кога се очекува да ја продолжи турнејата низ Европа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска