Елтон Џон хоспитализиран

Од:

Сер Елтон Џон, беше хоспитализиран поради сериозна респираторна инфекција. Тој итно беше пренесен во болницата во Лос Анџелес, вчера во раните утрински часови.

Му биле направени неколку медицински тестови, по што лекарите му сугерирале дека нема да може да настапува следните седум дена и дека ќе треба да одложи четири концерти кои биле планирани за викнедов во Лас Вегас. На Елтон Џон му било советувано дека му треба темелен одмор и третман со силни антибиотици за да се спречи влошување на неговата здравствена состојба.

Познатиот 65-годишен музичар испратил порака до неговите фанови кои викендов го очекуваа неговиот настап „Се што можам да кажам е, жалам но јас не можам да бидам со Вас“.

Шоуто на Сер Елтон Џон „Пијано од милион долари“ е наречено поради пијаното што го користи специјално изработено за него од Јамаха, процес кој траеше фантастични четири години и кое чинеше 1 милион долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска