Манекенката и водителка Елена Вукановска се појави на ревијата на нашиот дизајнер Небојша Толевски. Како искусна манекенка, Елена
прошета на пистата, ама и овој пат не остана незабележана. Во креацијата на Толевски, во лелеав проѕирен фустан, на манекенката и ѕирна
тетоважата на згодното газе. И тоа шарена пеперутка.
„Тетоважата мене многу ми значи, моја си е и ја немам посветено никому. Тоа што ми ѕирнала од под фустанот не е моја вина, тоа е до креацијата. Инаку пеперутката вешто си ја кријам од љубопитни погледи. Ја виделе само оние кои мене ми значат, ни рече Вукановска.