Продуцентите на „Игра на престоли“ на тексашкиот филмски фестивал „Југ-Југозапад“ потврдија дека пејачот Ед Ширан ќе има своја улога во седмата сезона од серијата.
Оваа вест ја потврди и самиот Ширан на Твитер. Сепак, тој не е првиот музичар кој ќе се појави во „Игра на престоли“. Претходно свои улоги имаа и членовите на групите „Колдплеј“, „Монстерс енд Мен“, „Мастодон“ и „Сигур Рос“.
Продуцентите Дејвид Бениоф и Ден Вајс, меѓу другото, изјавија и дека последната сезона на серијата ќе биде покуса од другите, односно ќе има само шест епизоди.