Тери Хачер, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ неодамна го прослави 55-от роденден, а своите обожаватели го воодушеви со фотографијата што ја објави на Инстаграм. На сликата актерката позира во бикини без грам шминка, а во прв план е нејзиното мускулесто тело.
– Ја објавив оваа фотографија затоа што да се биде во тело на 55-годишник, за мене е ослободувачки. Конечно сфатив како е кога убаво се чувствуваш во својата кожа, можеби не секој ден, но доволно често, напиша помеѓу останатото, Тери, при што ја истакна важноста на вежбањето.